Лица со попреченост деновиве учествуваат во летниот камп во Ресен каде во придружба на професионални обучувачи и медицински персонал учат техники на пливање и нуркање.
Обуките се дел од 8-месечниот проект „Спорт за сите“ – иницијатива на неколку здруженија кои делуваат во полето на социјалната инклузија на маргинализираните општествени групи, како деца и млади лица со попреченост, но и непосредно лица постари од 55 години и самохрани родители.
„Се надеваме дека овој проект е да ги поттикне лицата со попреченост да ги осознаат своите можности и да станат самостојни и самоуверени личности, кои ќе го градат инклузивно општество, во кое сите ќе бидат еднакви во остварување на своите права, а од друга страна со учеството на лица без попреченост преку директна комуникација ќе можат да ги запознаат можностите но и потребите. Со набавка на опрема и прилагодување на спортските каацитети го правиме и нашето општество подготвено за да понуди еднакви можности за сите Спорт за сите“, велат од иницијативата.
Предавачи на овој камп се: Наташа Мешковска за пливање, Владо Караев за животни вештини, Игор Трајановски и Јане Стефанов за нуркање.
Летниот камп е продолжение на зимскиот кој веќе се одржуваше. На него, лица со попреченост учеа техники на скијање.