[Фото] Со механизација се чисти ѓубрето околу студентскиот „Гоце Делчев“

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје денеска го чистеше дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, во скопската општина Карпош, во рамки на акциите за чистење на студентските домови и универзитетите кои ги спроведуваат месецов.

Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом, покрај десет работници, ангажирана е и механизацијата како втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.

Изминативе денови екипите на јавното претпријатие го чистеа кампусот на УКИМ и дворот студентските  „Пелагонија“ и „Кузман Јосифовски Питу“. За утре е најавено чистење на средното хемиско училиште во Скопје.