[Фото] Снема дел од импровизираниот мост кај градежната зона до Вардар

Дрвениот мост кој служеше како алтернативен начин да се стигне од плоштад „Македонија“ до кејот на Вардар од вчера делумно го снема. Едниот крај од импровизираниот мост го нема откако пред два дена на социјалните мрежи се појавија критики за искршените штици по кои пешаци и велосипедисти минуваа секојдневно.

Фото: Фејсбук

Сега, до него има поставено знак дека се поправа.

Велосипедистите вчера и денеска ги носеа своите велосипеди на раце за да ги одминат скалите и да се префрлат на другиот крај. Некои пак, ризикуваа да дупнат гума и возеа по тесниот простор со градежен шут.

Кејот се уште не е целосно преоден поради градбите во неговата близина. Мостот, иако само привремен, веќе стои повеќе од една година. Граѓани се револтирани што наместо целосно да се смени, или поправи, досега се „крпеа“ дупките.

Од Град Скопје засега нема известување на нивната веб-страницата дали и кога ќе се работи на мостот.