Скулптурата „Мајка“ од денес го краси Жена парк во Скопје. Таа е дело на уметникот Андреј Митевски и е изработена од сипорекс најден на околните диви депонии и претставува своевиден портретен приказ на жена.
„Таа е искршена и поделена со арматура која има цел да го прикаже процесот на градење на оваа фигура. Фигурата „Мајка“ е одраз на човековите деструктивни делувања во природата и одтаму доагја и нејзиниот изглед. Материјалот кој не бил посакуван и бил отфрлен како шут во оваа прилика послужи како конструктивен материјал за оваа скуптура која низ нејзината естетика потенцира дека ѓубрето може и треба да се рециклира за да се зачува околината и планетата“, вели тој.

Изворот за материјал за скулптурата
Скулптурата е дел од проектот „Собери ѓубре направи скулптура“ на Митевски, поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.