[Фото] Скок со падобран на плоштад „Македонија“ за полова еднаквост

Утрово, во девет часот и 30 минути, падобран се спушти на плоштад „Македонија“, веејќи го знамето на петтата глобална цел, што е всушност симболот на родовата еднаквост.

*Фотографиите се преземени од Фејсбук групата „Сакам да скокам со падобран во Македонија

Овој настан, кој предизвика воодушевување меѓу присутните на плоштадот, е дел од глобалната кампања за  Одржлив зазвој на Обединетите нации. Родовата еднаквост е една од 17-те глобални цели кои беа усвоени оваа година и кон кои треба да се стремат скоро сите држави во светот.

Во рамки на кампањата, на денешниот Скопски маратон, кој годинава се одржа со рекорден број од 8 илјади учесници, беа и десет маскирани анонимни тркачи, кои држејќи се заедно како една целина беа визуелен симбол на родовата еднаквост.