[Фото] Штрковите од Чешиново „одржуваат“ дистанца

И штрковите во оризовите полиња во Чешиново одржуваат дистанца, велат од Здружението „Оризова братимка“, при што објавија и фотографии.

„Одржувањето на растојание помеѓу вас и останатите лица е еден од најдобрите начини да се спречи ширење на Ковид-19“, соопштуваат од Здружението.

.Инаку, „Оризова братимка“ годинава на 13 март објави дека пристигна првиот пар штркови на Задружниот дом во Чешиново. Според „Оризова братимка“, овде се наоѓа најголемото штрково гнездо во Европа, а белиот штрк го сметаат за симбол на зачуваните природни станишта и неговата присустност е потврда дека е здрава околината.

„Оризова братимка“, кое е и кооператива што на иновативен начин произведува био смарт ориз, лани во јуни вршеше пребројување на штрковите гнезда во Чешиново. Вкупно изброија 21 гнездо, кои се наоѓаат на кровови на куќи, Задружениот дом и бандери. Во селото во 2019 година се одржа и првиот „Фестивал на оризот“.