Дел од тротоарите во Општина Карпош ќе станат шарени и интерактивни, во соработка со Интернационалната градинка Пиколини. Како што велат од општината, тие ќе станат интересни за минувачите и разиграни за децата.
Тротоарите ќе почнат да се шараат по завршувањето на настанот „Family Open Day“ во градинката, кој е најавен за денеска.
„Безгрижни деца, тоа е нашата обврска. Појдовме од идејата дека сакаме да разубавиме дел од пешачките патеки кои се полни со бои, креативност и ќе претставуваат игра за сите генерации. Тротоарите ќе добијат нова димензија, интерактивност и веруваме дека ќе бидат прифатени со голем ентузијазам од страна на жителите на Карпош“, изјави Марина Тасков од „Пиколини“.