[Фото] Сеча на дрвја во паркот пред МОН

Ги снемува и дрвјата во Паркот на новинарите спроти МОН, на местото каде до неодамна беше сместен Средношколскиот камп. Тополите, како што јави „А1 он“ се исечени од страна на „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје.

Инаку од „Паркови и зеленило“ имаат задача да ги сечат сите тополи во градот бидејќи според појаснувањето, се опасни и прават штети при посилен ветер.

Според најавуте, градските власти на местото на паркот планираат да изградат кружен тек на два нивоа. Тоа би се реализирало откако ќе се изгради подземниот булевар кој ќе поминува под Музеј на Град Скопје и ТЦ Рамстор, тунел кој треба да ги поврзе некогашна Бихаќка со булевар Мајка Тереза.