[Фото] Се одржа марш за европско единство и поддршка за евроинтеграциските процеси

Преку порака за европското единство и поддршка за евроинтеграциските процеси на Република Македонија и државите од Западен Балкан, низ Скопје се одржа мирен марш во рамките на Федералното собрание на Младите европски федералисти (ЏЕФ Европа).

„Овој викенд Младите Европски Федералисти (ЏЕФ Македонија) имаа состанок на федералниот комитет на Скопје. Оваа организација не е политичка и зад неа не стои ниту една политичка партија. Се залагаме за федерална, демократска Европа, базирана на почитување на човековите права и на владеење на правото“,рече потпретседателката на Младите европски федералисти (ЏЕФ Европа), Леони Мартин.

Таа нагласи дека организираат многу различни активности. Членовите се активни во повеќе од 25 земји, а дел од активности се посветени на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Тамара Петковска од ЏЕФ Македонија, пак, потенцираше дека маршот го пренесува тој европски дух за кој се залагаат цело време.  

„Симболиката на овој марш е дека и ние сме дел од Европа, и дека земјите членки не’ поддржуваат во целиот овој процес“, рече Петковска.