[Фото] Роденденот на Орвел прославен на оригинален начин во Холандија

Холандското уметничко дуо Front 404 изведе едноставна, но ефектна инсталација во Утрехт: на безбедносните камери поставени насекаде низ градот, им стави шапки за забава, за да го прослави денот на кој пред 110 години е роден британскиот писател Џорџ Орвел, авторот на „1984“.

Со оваа интервенција во јавниот простор, холандските уметници сакаат да предупредат дека дистописката иднина замислена од Орвел наголемо се спроведува во стварноста.

ORW-2

ORW-3

ORW-4