Силниот дожд кој не престане да врне, не ги спречи стотиците граѓани да излезат вчера на протест и да побараат правда за работниците, по повод Меѓународниот ден на трудот. „Разбудете се, балкански работници и работнички“, „Работници и студенти, обединете се“, „Стоп за приватизацијата на јавниот простор“, беа дел од паролите кои се извикуваа за време на протестот, кој започна пред Домот на градежниците во Скопје, а продолжи пред Работничкиот универзитет, Собранието, за да заврши пред Владата. Учесниците порачаа дека го креваат гласот против погазеното достоинство на работничката класа.

Фото: Андреј Гиновски