[Фото] Протест за воздух пред Собрание

И оваа сабота , група граѓани, дел од иницијативата „Канцерогено општество“ излегоа на протест пред Собрание за да побараат од политичарите вистински мерки за справување со енормното аерозагадување во Скопје.

Разочарани од незаинтересираноста на институциите, тие веќе четврта сабота по ред , излегуваат на протест за воздух. Со протестот бараат свикување итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот, итно вклучување експерти кои реално би помогнале за подобрување на состојбата, како и Владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем.

Исто така бараат и вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи, а како главно барање, е Владата и институциите да престанат „со така наречени решенија кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени“.