[Фото] Протест во Париз против цените на горивата

Полицијата во Париз употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои и денес се собраа за да протестираат против зголемувањето на цените на горивата.

Демонстрантите, се обидоа да стигнат до Елисејската палата, официјалната резиденција на претседателот, но полицијата го блокираше пристапот.

Учесниците во демонстрациите се нарекуваат себеси „Жолти елеци” – според бојата на опремата што возачите треба да носат во опасни ситуации.

Масовните протести започнаа минатиот викенд по најавите за зголемувањето на цените на горивата.  Францускиот претседател Емануел Макрон ја зголеми цената на дизел горивото за да ги охрабри луѓето да се префрлат на еколошки транспорт.

Во демонстрациите во целата земја досега се вклучиле над 280 000 луѓе.