[Фото] Протест пред Влада за правда за Мартин Нешковски

„Оставка“, „Убијци“, „Нема правда, нема мир“ , „Долу диктатурата“, скандираа педесетината демонстранти пред Влада, кои дојдоа на протестот за правда за Мартин Нешковски, момчето убиено од припадник на МВР, за време на славењето на изборната победа на владејачката ВМРО ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“.

„Денешниот протест е  организиран поради тоа што ниту една институција на функционира, бидејќи и по четири години борба за правда сме приморани да излеземе на улица и да бараме правда која се уште не е задоволена. Мартин може да биде секој од нас. Тие се трудат на секој можен начин да го прекријат убиството наместо да излезат херои и јавно да кажат дека тој што е виновен ќе одговара“, изјави Александар Нешковски, братот на брутално убиениот Мартин.

Тој истакна дека протестите кои се активни веќе четири години, ќе продолжат се додека не биде задоволена правдата.

12177735_10207869953895428_59281768_n

„А што ако беше твоето дете, брат, сестра… некој твој сакан?“, е прашањето поставено во повикот за протестот кој се споделуваше на социјалните мрежи изминатата седмица. За време на протестот демонстрантите ја блокираа улицата пред Влада, со најава дека повторно ќе се вратат назад.