[Фото] Протест пред Собрание – Стоп за дивеењето на улиците!

Граѓани со своите деца денеска се собраа пред Собранието за да побараат да се стави крај на „дивеењето“ по улиците, што неретко завршува со пешаци како жртви.

Тие побараа од МВР конечно ги казнува прекршителите навремено, пред да се случи нова трагична несреќа.

Инаку, само во септември најмалку осум лица го изгубиле својот живот во сообраќајна несреќа во главниот град. Секоја година на патиштата во Македонија гинат стотици лица, лани бројката изнесуваше 155, а преклани се загубени 165 животи.