[Фото] Протест на бегалците на Идомени, не го пуштаат возот

Поголема група бегалци утрово протестира на Идомени против лошите услови, извикувајќи „Пуштете не“, „Ладно е“, „Сакаме во Европа“, јавува репортерката на Радио МОФ Кристина Озимец. Бегалците го блокираат возот, жалејќи се на се лоши услови од грчката страна на кампот.

Тие велат дека има недостиг од храна, вода и лекар и се принудени да чекаат и по десет дена за да ја поминат границата. Репортерката на Радио МОФ јавува дека расте тензијата меѓу бегалците.

1282872_962911540457604_945194551982272754_o

Вчера Радио МОФ беше на кота 59, од македонската страна на транзитниот камп. Таму се пропуштаа бегалци во мали групи и границата беше речиси затворена.