[Фото] ПрилепНаТочак: Урбана опрема на вело патеки?

Има ли тука простор за коментар? Брановиден асфалт, тешко совладливи рабници и различни физички пречки во профилот на велосипедската или пешачката патека. Сте виделе ли некогаш урбана опрема поставена на коловоз?, прашуваат од велосипедската иницијатива ПрилепНаТочак, кои заедно со пријатели-волонтери спроведоа уште една од серијата акции.

Од таму прашуваат, ако не може бандерите, билбордите и знаците да ги ставиме на сред коловозна лента каде што возат оние со колите, зошто може истите да ги поставиме на патеките на кои треба да возат оние со точаците?

„Во плановите треба внимателно да се дизајнираат специјални зони за урбана опрема, кои исто како што не се на коловозна лента, нема да се стават ни на пешачка, ни на велосипедска патека“, соопштија од ПрилепНаТочак.