Фото – приказна за спасувањето на една птица

Kорисник на Imgur прикачи неверојатни слики за борбата за живот на една мала птица која била случајно најдена и која успеал да ја спаси од сигурна смрт. Сега птицата е пуштена на слобода.

Кога корисникот ја нашол оваа птица, најде, благодарение на неговиот брат, таа била штотуку извдена од јајцето. Делови на мембраната и лишпата се уште стоеле на неа.

1

Бидејќи не можеле да го најдат гнездото од кое паднала, одлучиле да и помогнат. Дома направиле инкубатор каде што  можело да се контролираат температурата и влажноста. Не знаеле ниту на кој вид припаѓа. Сепак, одлучиле да ја наречат Кнедличка.

3

Малите птици јадат многу, па браќата ја хранеле со црви, скакулци и други инсекти. Морале да ја хранат на секои 30 минути, и така…секој ден по 14 часа.

5

За неколку дена почнале да и растат пердуви. Веќе петиот ден, Кнедличка можела сама да стои.

6

Сепак, дури по седмиот ден почнала да личи на вистинска птица и можела да го напушти инкубаторот.

7

Полека се претворила во вистинска убавица, по што е префрлена во кафез каде што братчињата и ставиле свежи гранчиња за да може да вежба летање.

8

Почнале да ја оставаат надвор, за да се навикне на сонцето, ветрот и другите птици.

9

По 36 дена, одлучиле дека Кнедличка е подготвена и ја пуштиле на слобода.

10

Кога и го отвориле кафезот, птицата без размислување одлетала надвор, испитувајќи го новото опкружување од листови и гранчиња.

Извор: Блиц