[Фото] Практични обувки направени од традиционална јапонска ткаенина

Продавниците често знаат да понудат чевли кои не се баш она што потрошувачите го бараат, или пак се премногу скапи. Италијанскиот производител на чевли Vibram, попознат по своите воени обувки, најде решение за овој проблем преку т.н. обувки Furoshiki.

Furoshiki е традиционална јапонска ткаенина за замотување што се користи за пренесување стока и се користела како наметка кога луѓето посетувале јавни бањи, во периодот на Едо.

Обувките се дизајн на јапонскиот дизајнер Masaya Hashimoto. Тие немаат врвки, а се обвиткуваат околу нога, од каде доаѓа и името.

Чевлите можат да се купат од продавниците на Vibram во Јапонија и чинат 140 долари, а доаѓаат во најмалку пет бои.

Извор: Bored Panda