[Фото] Повторно искршено седиштето на „Гласно“

Во период од половина година, повторно се оштетени просториите на Здружението на текстилни и на кожарски работници „Гласно“ од Штип.  Вандализмот се случил синоќа, од засега непознати сторители.

Камења биле фрлани по прозорците и по таблите на покривот на бараката каде работи здружението.

Горан Трајков од „Гласно“ потенцира случајот ќе биде пријавен во полиција, која иако имаше месеци на располагање, сè уште го нема расветлено претходниот случај на вандализам. Трајков за КУЦ Текстил (канцеларијата на „Гласно“) вели дека е прибежиште на работниците.

„Со ова нема да нѐ направите жртви, ниту да не спречите во нашата борба за правата на работниците! Борбата продолжува гласно!“, напиша Трајков на социјалните мрежи.

2 3 4 5 6 7