[Фото] Повеќе од 500 ученици беа дел од „Ролеријада 2019“

Лана Нацев од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во женска конкуренција и Алексеј Нелепа од ОУ „Љубен Лапе“ во машка конкуренција се годинешните победници на познатата „Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот Илинден во Скопје.

Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината. Учесниците тргнаа од пред фонтаната „Лотосов цвет“ и возеа по булеварот Илинден до раскрсницата со улицата Никола Тесла, а потоа, повторно назад до целта.

Трката на ролери „Возиме кон иднината“ ја организира Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје и годинава се одржува по осми пат.

На Ролеријадата беа доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и во женска категорија. На целта први пристигнаа:

Во женска категорија:

Прво место – ЛАНА НАЦЕВ , ОУ „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“

Второ место – ИВАНА ВАСИЛЕВА, ОУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – Стајковци

Трето место – МИХАЕЛА АРСИЌ, ОУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“

Во машка категорија:

Прво место – АЛЕКСЕЈ НЕЛЕПА, ОУ „ЉУБЕН ЛАПЕ“

Второ место – ДАМЈАН ПЕШЕВСКИ, ОУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“

Трето место – ДАМЈАН ЗЕНГОВСКИ, ОУ „АЦО ШОПОВ“


Фотографии: Град Скопје