[Фото] „Последните живи луѓе“ – герила акција во Битола

Споменици и бисти на културни дејци и народни херои во Битола добија гас маски, за да се заштитат од енормното загадување на воздухот. Фотографиите од вчерашната герила акција на анонимна група од активисти беа споделени на Фејсбук страницата „Битола – град на културата“ под името „Последните живи луѓе“ и има за цел да алармира за состојбата во којашто се наоѓа градот со воздухот.

Денеска, пак, во 17 часот, пред Владата е најавен масовен протест против аерозагадувањето. Организатори на протестот се повеќе од 20 организации, меѓу кои и битолската „За нас се работи“. Во продолжение, герила акцијата во Битола низ фотографии.

10374854_206285333045158_7593748636937802415_n

1916987_206285473045144_1528476006052468013_n

1604530_206285343045157_7393582815527695502_n

1487366_206285693045122_8320800542890176116_n