Портокалов велосипед со рефлетирачки елек на кој пишува „Уште колку жртви?“, беше поставен денеска на улицата Орце Николов, во Општина Центар.
Вакви велосипеди беа забележани и на „Рузвелтова“, како и во близина на болницата „8-ми септември“.
Поставувањето на велосипедите е дел од урбана уметничка акција која алармира на лошите услови за велосипедистите во сообраќајот, поради што тие се чести жртви.