[Фото] Пораки на урнатите канделабри во Центар – „веднаш да се отстранат“

Со рачно испишани пораки се бара отстранување на урнатите канделабри, кои со месеци стојат на плоштадот ВМРО, во центарот на Скопје, непосредно пред седиштето на најголемата опозициска партија.

„Навистина е штета кога човек себеси се гледа како да не е дел од природата, од просторот во кој битисува? Зарем овој ‘отпадок и ѓубре’ е нешто туѓо, или тоа сме ние. Веднаш да се отстрани“, е една од пораките на канделабрата.

Преку друга порака се порачува надлежните органи да се разбудат, алудирајќи веднаш да се постапи.

Од Град Скопје за Радио МОФ информираат дека тие се тргнати поради градежните работи што се изведуваат во близина, на објектот на поранешна „ТЦЦ Плаза“, а за тоа на изведувачот му е дадено одобрение.