[Фото] Поплава во Студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентите во „Гоце“ се мачат со водата во ходниците, откако дождот, кој без престан паѓа 24 часа, го поплави дотраениот студентски дом. Оваа слика, вообичаена во есенските и зимските месеци, и натаму е мизерна реалност за студентите, кои и покрај постојаните ветувања на надлежните, и натаму немаат достоинствени услови за живот.

Неодамна, најголемиот скопски студентски дом беше актуелен во медиумите, откако студентите објавија дека се урнал плафонот во еден од ходниците, по што Државниот студенски центар ги обвини студентите дека „свесно и намерно“ го урнале.

За нивните тешкотии најдобро зборуваат фотографиите кои ги објави Студентски пленум:

goc-1

goc-2

goc-3

goc-4

goc-5