[Фото] Поминаа „комитите“ низ Богомила

Илинденската коњаница која по 39-ти пат тргна од Скопје, а која се очекува да пристигне во Крушево на 2 август, вчера застана накратко во село Богомила. Но, од посетата на „комитите“ остана само отпадот.

На Фејсбук страницата насловена „Месна заедница Богомила“ се објавени фотографии кои го документираат ѓубрето кое останало откако Илинденската коњаница поминала преку селото.

Тие вчера пристигнаа во Прилеп, по што се упатија во село Коњари. Денеска треба да пристигнат во село Кривогаштани, а потоа продолжуваат директно кон Крушено за прославата на празникот Илинден.