[Фото] Полицијата го спречи пристапот на демонстрантите и кон Собрание и кон Влада

Полицијата ги спречи демонстрантите да се стигнат до Собрание, поради што тие преку плоштадот Македонија и Камениот мост се упатија кон зградата на Влада. И овде тие беа спречени од кордони полиција да се придвижат напред , по што се враќаат кон плоштадот Македонија, јавува репортерката на Радио МОФ од теренот.

„Нема правда, нема мир“,„Долу диктатурата“, извикуваат демонстрантите и бараат полицијата да ги спушти штитовите.

Неколку јајца и боја летнаа кон порта Македонија. Протестот се одвива мирно.