[Фото] Поглед кон иднината на младите во Македонија

Денови голем број корисници на социјалните мрежи ја споделуваа илустрацијата на младиот Антониј Караџоски, на која тој покажува како младите ја гледаат иднината на Македонија.

Антониј Караџоски

Антониј е студент на дизајн и архитектура на Американ колеџ- Скопје. За порталот Револуционер.мк тој го објаснува мотивот за илустрацијата.

antonijK„Главен мотив ми беше моменталната ситуација во државата, и начинот на кој младите реагираат. Се повеќе и повеќе млади ја напуштаат државата, претпоставувам дека ни институциите кои што ја следат состојбата немаат точна статистика за иселените млади Македонци.”

Пред неколку месеци  тој беше прогласен за најкреативен студент кога победи на првиот креативен натпревар за брендирање на земјава „Сосема моја Македонија“ во организација на Бизнис академија Смилевски и првиот глобален бренд од Македонија, компанијата за маркетинг и односи со јавност PWorld.