[Фото] Почна со работа првата библиотека на плажа во Дојран

Од денеска, до крајот на туристичката сезона многу интересни и познати наслови, хитови за ова лето ќе бидат на полиците на првата библиотека на плажа во Дојран.

Изнајмувањето на книгите ќе биде бесплатно, најавија од општината, а целта на проектот е зголемување на процентот на читатели и давање поинаква димензија на одмор и уживање на плажа.

Најчитаната книга за ова лето, ,,Сеќавање на љубовта”,  македонската најпродавана млада авторка Верче Карафилоска и ,,Бездомникот со златен часовник”, како и мегапопуларните ,,Рингишпил”, ,,Шепнувачот”, ,,Кругот на животот”, ,,Полноќна роза”, се само дел од насловите кои ќе можат да се читаат на Градската плажа во Дојран.