[Фото] Победниците на натпреварот за најдобра патничка фотографија на National Geographic за 2016

Натпреварот за најдобра фотографија направена за време на патување на National Geographic за 2016 година заврши, а победниците беа објавени во неделата. Со повеќе од 10000 пријави, ова се најдобрите патнички фотографии од изминатата година.

Главната награда ја доби Ентони Лау од Хонг Конг, за неговата фотографија од коњаник во Внатрешна Монголија. Други добитници на награди се Хироки Иноуе, кој доби прва награда во категоријата природа за неговата фотографија од лисици во Хокаидо, Јапонија. Второ место во категоријата луѓе доби Јасмин Мунд, за нејзината фотографија од луѓе кои спијат на покрив во Варанаси, Индија. Трето место од категоријата природа доби Виктор Лима, за фотографијата од пустината Атакама во Чиле.

Добитник на главна награда: Зимскиот коњаник, Внатрешна Монголија

Прва награда, Градови, Бен Јусеф, Маракеш, Мароко

Прва награда, Природа, „Каде и да одиш, ќе те следам“, Хокаидо, Јапонија

Втора награда, Луѓе, Соништа на покрив, Варанаси

Благодарница, Градови, „Поделба“, Менхетн, Њујорк

Трета награда, Луѓе, Одделен живот на -21 степен, Химачал Прадеш, Индија

Благодарница, Природа, „Мечки на санта мраз“, Нунавут, Канада

Трета награда, Природа, пустината Атакама, Чиле

Втора награда, Градови, „Стишени“, Гуангдонг Шенг, Кина

Втора награда, Природа, „Двојна стапица“, Бразил

Трета награда, Градови, „Небесно откритие“, Пулау Пинанг, Малезија

Благодарница, Луѓе, плажата Венеција, Калифорнија

Извор: Bored Panda