[Фото] Победничките фотографии на Конкурсот за биофотографија 2015

Прогласени се победниците на овогодинешниот Конкурс за биофотографија организиран од Истражувачкото друштво на студенти биолози, годинава на тема „Микро свет“. Како главен мотив на делата беа сите видови на безрбетници: инсекти, пајаци, скорпии, полжави, црви…Годинава на конкурсот се пријавија четириесетина автори, со педесетина свои дела.

Првото место и припадна на фотографијата на Бранко Данаилов.

Бранко Данаилов

Второтата награда за најдобра фотографија ја зема Ристе Камчев.

Ристе Камчев

Третонаградена беше фотографијата на  Џенан Ризвановиќ.

Џенан Ризвановиќ

Најдобрата биофографија се избираше преку три процеси и тоа: гласови на Фејсбук страната на Конкурсот, преку гласови од жирите во состав: Ирена Јовановска (Ирена Мила/фотограф, биолог) и Елена Фидановска, додека последниот глас го даде Претседателството на ИДСБ според тоа колку пријавените фотографии технички и тематски одговараат на овогодинешниот конкурс. За првонаградената фотографија е доделен бесплатен ваучер за посета на летната истражувачка експедиција на ИДСБ, за второнаградената ваучер за еднодневна истражувачка акција, како и мал истражувачки-теренски пакет за третото место на Конкурсот.

Сите пријавени фотографии може да ги погледнете на овој ЛИНК.