[Фото] По драматичната ноќ, пред Собранието мирно со неколку шатори, внатре испокршено

Четири шатори утрово се сместени на тревата зад оградата од Собранието, каде синоќа демонстранти од протестот на „За заедничка Македонија“ без поголемо полициско присуство насилно упаднаа, нападнаа и повредија неколку пратеници од нововото парламентарно мнозинство. Во тензичната ноќ вкупно беа повредени над 100 граѓани.

За случувањата пред законодавниот дом сведочат изместените и исповиткани метални огради. Сега покрај шаторите се гледа единствено по некој граѓанин, но и работниците на ЈП „Паркови и зеленило“, кои ги чистат тротоарите и коловозот меѓу Парламентот и паркот „Жена-борец“.

Кога поминувавме неколку граѓани си подаваа големи амбалажи со вода, веројатно за луѓето кои денеска планираат да го поминат денот пред законодавниот ден. Пред портите, пак, се забележува „југо“ со закачен разглас на кровот и регистрација со натпис Македонија“. Наоколу се распоредени и полицајци. Атмосферата е мирна.

Според фотографиите што синоќа ги објави пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, во внатрешноста на Собранието е сосема друга слика. Расфрлени и испокршени маси и столчиња, демолирани врата и ѕидови, насекаде шишиња, шипки, кабли…

2

3

5 7 8