[Фото] Отворен Берлинскиот филмски фестивал

Со проекцијата на новиот филм на браќата Cohen, „Heil, Caesar“ синоќа во Берлин свечено беше отворен 66-от по ред Берлински филмски фестивал, познат како Берлинале.

Фестивалот го отворија претседателката на овогодишното жири Meryl Streep и директорот  на Фестивалот, Dieter Kosslick.
Пред тоа, на присутните им се обратија германската државна секретарка за култура Monika Grütters и градоначалникот на Берлин, Michael Müller, кои предупредија и на моментот на мигрантската криза, во контекст на годинашниот слоган на Берлиналето – „Право на среќа“.
Најавено е дека главниот протагонист на филмот „Heil, Caesar“, George Clooney денеска ќе се сретне со германската канцеларка Angela Merkel за да разговара за мигрантската криза.
„Сакам да видам што можеме заеднички да направиме“, изјави Clooney, кој е познат по својата хуманитарна активност.
Во филмот „Hail, Caesar“ на браќата Joel и Ethan Cohen, Clooney толкува лик на холивудски актер од 50-те години на минатиот век, кој славата ја стекнал со историски филмови, но во текот на снимањето на еден филм е киднапиран.
Инаку, на овогодишното Берлинале во повеќе од десет сали ќе бидат прикажани 434 филмови. Фестивалот ќе трае до 21 февруари, а наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија на 20 февруари.
berlin-2 berlin-3 berlin-4 berlin-5 berlinale-1