[Фото] Отворен 25-тиот „Анимафест Загреб“

Во вторникот (9 јуни), во киното „Европа“ во Загреб, беше отворен 25. Светски фестивал на анимиран филм „Анимафест Загреб“.

До 14 јуни ќе бидат прикажани над 300 краткометражни и долгометражни филмови, како и конференции, предавања, изложби и концерти на неколку локации низ градот.


Тема на фестивалот годинава е „Алиса во земјата на чудата“ по повод 150-годишнината од објавувањето на делото на Луис Керол, па сценографијата беше прилагодена спрема познатата чајанка од литературната предлошка. Свеченото отворање го режираше Марио Ковач.

На отворањето беа доделени наградите за животно дело на францускиот аниматор, карикатурист, писател и режисер, Мишел Осло, како и наградата за Најдобра школа за анимација на Академијата за уметност и дизајн Безалел од Ерусалим.

Фото: Нина Ѓурѓевиќ, Џулиен Дувал
Е. Д.