[Фото] Отпад во истекот на реката Дрим во Струга

Здружението Охрид SOS апелира до граѓаните и институциите да ја зачуваат чистотата на Охридското езеро и реката Дрим. Тие објавија неколку фотографии кои ја покажуваат грдата слика во истекот на реката Дрим.

„Зарем вака ќе тераме туризам? Треба да ни е срам и да не боли секој фрлен отпад во езерото и реката. Апелираме до сите посетители на Охридско Езеро ова лето да ги фрлаат отпадоците во корпите за отпадоци. Апелираме и до локалното население да реагира доколку забележи фрлање отпад во водите- да информира и да предупреди. Ќе имаме тоа што ќе оставиме пријатели! Ова ли ќе им оставиме на нашите деца?!“, прашуваат од Охрид SOS.

3

2

1