[Фото] Оштетена „жирафата“ во Штип која беше поставена во акцијата „Децата заслужуваат повеќе“

„Децата заслужуваат повеќе, а вандализмот заслужува осуда!“, со ваква порака денеска се обратија од неформалната активистичка група „Штип Арт Активизам“, откако беше оштетена „жирафата“, односно, еден од реквизитите кои претходно беа поставени во парк во Штип, како дел од акцијата „Децата заслужуваат повеќе“.

„Со вандалски чин е оштетена ‘жирафата’ која беше дел од акцијата ‘Децата заслужуваат повеќе’. Според некои, нашите најмали и најмили, изгледа НЕ заслужуваат. Посебно децата со потешкотии во развој и оние со потешкотии со видот за кои и беше наменета оваа акција. Секојдневно сите дечиња се радуваа на фигурите и преку кои можеа да научат нешто повеќе. Исто така оштетени се плочките со брајова азбука за децата со проблеми со видот“, стои во нивната реакција.

Оттаму апелираат на зачувување на останатите фигури и ги повикаа институциите да излезат на терен и, како што велат, да ги санкционираат ваквите вандалски ччинови, особено детските игралишта, за кои велат дека редовно се уништувани.

Во меѓувреме, тие посочија дека во тек е санација на штетата, додавајќи дека ќе направат се што е можно „жирафата“ да се поправи.

Инсталацијата на оваа неформална група која се состои од четири животни, беше поставена на крајот на минатиот месец.

[Фото] Арт активисти од Штип го разубавија локалниот парк со порака – „Децата заслужуваат повеќе“