[ФОТО] Охрид SOS: „Природна“ колоритност во езерото за „привлекување“ туристи

„Ова на сликиве шо го гледате, се’ тоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли?“, реагираат од иницијативата Охрид SOS, кои преку Фејсбук презентираат фотографии од брегот на најголемото национално езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

„Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала“, велат од Охрид SOS.