[Фото] Огромен подиум ги инспирира луѓето да танцуваат во Монтреал

Канадскиот архитект Жан Вервиљ верува дека динамичниот јавен простор може да го ослободи танчерот во секоја личност, па поради тоа, тој го создаде елегантниот подиум за танцување, инсталација направена со повеќе од 5 000 отпечатоци од стапала во златна боја. Неговото дело ја освои првата награда на Музејот за современа уметност во Монтреал, а деновиве е поставено во центарот на градот. Просторот, кој ја опфаќа улицата помеѓу музејот и црквата, е затворен за сообраќај, а на него минувачите можат слободно да се препуштат на потезите.