[Фото] Огледала во облик на пирамида ја поврзуваат природата со човекот

Уметницата Shirin Abedinirad, неодамна ја заврши својата најнова скулптура, пирамида од огледала, во близина на заливот во Сиднеј, Австралија, како дел од фестивалот Underbelly Arts Festival.

Како и нејзините претходни дела, иранската уметница е фасцинирана од спојот на небото со земјата, или обратно, во зависност од перспективата, создавајќи необични оптички илузии од речиси секој агол на гледање.

„За оваа инсталација бев инспирирана од пирамидалната структура на Зигурат, честа форма на храмовите во античка Месопотамија, обидот да го спојам небото со земјата, така што луѓето би биле поблиску до Бог. Огледалото Зигурат наликува на скалила, кои се обидуваат да ја поврзат природата со луѓето и да создаде заедница на античката историја и сегашниот свет“, вели уметницата.