[Фото] Одвоена велосипедска лента на „Втора македонска бригада“

Поставени се нови заштитни гумени столпчиња на улицата „Втора македонска бригада“ со кои на оваа улица физички се оградува велосипедската сообраќајна лента од лентите за моторните возила.

Со ова, велат од Град Скопје, ќе се зголеми безбедноста за велосипедистите.

„Специјалните гумени заштитни столпчиња се со висина од 30 сантиметри, истите се еластични, имаат портокалова боја со бела рефлектирачка фолија за подобра видливост и при удар се враќаат наназад, поточно не ги оштетуваат возилата“, соопштува Град Скопје.