[Фото] Од премиерот Вучиќ, до тенисерот Ѓоковиќ – стикерите што ги насмеаја корисниците на Вајбер

Српскиот графички дизајнер и илустратор Марко Сомборац е авторот на новите српски стикери на Вајбер, кои за само еден ден ги спуштиле над 60 000 луѓе. Интересот за овие стикери се должи на нивниот духовит пристап, односно на нив се прикажани политичари и јавни личности од Србија, како претседателот Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ, тенисерот Новак Ѓоковиќ и други, кои се отсликани така што опишуваат одредени ситуации.

Во продолжение, погледнете како изгледаат овие стикери, кои бесплатно може да се спуштат овде.