[Фото] O2 Иницијатива: Чад излегува од повеќе локации, дали инспекција излезе на терен? 

Ова е дел од забележаните чадења викендов во Скопје. Во саботата околу пладне повеќе од два часа црн чад излегуваше од комплексот Железара во Гази Баба, од објект блиску до кејот на Ново Лисиче во Аеродром, во ноќните часови кај Сајмиште, близу Макпетрол, повторно болницата по гинекологија во Чаир, во Карпош кај СЦ Борис Трајковски, реагира О2 Иницијатива, објавувајќи и фотографии и видеа со локации од каде излегува чад.

Еко-активистите прашуваат дали инспекција излегла на терен и што утврдила, што е измерено, има ли казни?

Видео од гинекологија во Чаир:

„Граѓаните пријавуваат на 193, бројот за пожарна – на тој број се пријавува не само пожар, туку и било какво палење на отворено, сомнителен дим од загадувач, како овие објекти на фотографииве и видеава викендов. Пожарна потоа се јавува на инспекторите од Град Скопје кои треба да извршат увид и повикаат друга инспекција ако не се надлежни“, велат О2 Иницијатива.

Од таму потенцираат дека пријава се врши и преку Фејсбук страницата на Инспекторат на Град Скопје.

„Она што недостасува, а ние како и граѓаните бараме достапни навремени информации за инспекциските надзори, да знаеме дали изглеле на терен и што утврдиле по пријавата, дали се извршени мерења или изречени казни?“, прашуваат еко-активистите.

Комплекс Железара, Гази Баба

Тие посочуваат дека ако Град Скопје можеше да направи посебна веб страница за Winterland, нема практична причина да нема посебна страница за „Пријави загадувач“, која, велат еко-активистите, може да е и страницата „Пријави проблем на Град Скопје“, обновена и проширена за категоријата загадувач, каде прикачените фотографии ќе бидат достапни при пребарување на пријавите и каде ќе може да се следи преземената акција од страна на инспекторите и наодите од инспекцијата.

http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/
http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/baranja.aspx

Сајмиште, Близу Макпетрол

„Во ек на информатичко време и алармантен проблем со загадувањето во комбинација со огромната недоверба кон институциите (оправдана), надлежните не смее да не дадат увид во пријавените загадувачи и наодот на инспекцијата. Транспарентност, отчетност на дело, не само зборови“, се вели со соопштението на О2 Иницијатива.

Објект блиску до кејот на Ново Лисиче, Аеродром

Карпош кај СЦ Борис Трајковски