По бојлерот, старата када и вреќата со плочки, нуркачот Никола Паскали сега во Охридско езеро најде и правосмукалка и перална, со што подводниот „апартман“ се повеќе се комплетира.
„Делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на Желбите, длабочина од 3 метри“, пиша нуркачот од друштвото „Акватек“.
Тој најавува дека ќе продолжи со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и негова дислокација.
„Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател – човекот“, стои во објавата на „Акватек“.
Во продолжение, погледнете ги и останатите „пронајдоци“ на Паскали – куќен отпад што заврши во Охридското езеро.
[Фото] Нуркачот Паскали најде и бојлер во Охридско езеро: Апартманот е скоро комплетиран