Посетителите во скопскиот Парк на Франкофонијата можат да забележат нова скулптура изработена од пенушка од дрво, кое беше исечено откако под притисок на снегот и ниските температури се скрши и се сруши во текот на зимата.
„Со оваа интервенција и скулптура направена од пенушка уште еднаш сакаме да ја потенцираме важноста и корисноста од возрасните дрвја во Скопје кои дури и доколку се скршат или уништат по природен пат и понатаму можат да го украсуваат градот во нови форми и да го збогатуваат урбаниот пејзаж“, велат активистите кои стојат зад повеќе урбани-герила акции низ Скопје.
Активистите потенцираат дека скулптурата е дело на истакнат скулптор од средната генерација македонски скулптори, кој воедно е член на екипата на урбаните акции.