[Фото] Нова артивистичка акција: Солидарни пунктови за да им помогнеме на Шведска која увезува ѓубре

Единицата за брзи артивистички акции постави повеќе корпи за отпадоци низ Скопје со натпис „Собирен пункт“ и текст во кој се објаснува дека „корпите се поставени со цел да им помогнат на Шведска“.

„Поттикнати од последните анализи и истражувања дека во поголем дел од Шведска воопшто нема ѓубре и затоа го увезува од странство за да ги продолжи процесите на рециклирање со кои произведува огромни количества електрична енергија и гориво, Единицата за брзи артивистички акции на повеќе локации во главниот град постави канти за ѓубре или таканаречени солидарни пунктови со цел да и’ помогне на оваа скандинавска земја“, велат од Артивисти.мк.

 

View this post on Instagram

 

Скопје е град на солидарноста Поттикнати од последните анализи и истражувања дека во поголем дел од Шведска воопшто нема ѓубре и затоа го увезува од странство за да ги продолжи процесите на рециклирање со кои произведува огромни количества електрична енергија и гориво, Единицата за брзи артивистички акции на повеќе локации во главниот град постави канти за ѓубре или таканаречени солидарни пунктови со цел да и’ помогне на оваа скандинавска земја. Со оваа акција би сакале да ги мотивираме нашите граѓани да бидат солидарни со пријателската Шведска и воедно да размислиме за нашата повеќедецениска традиција на фрлање и трупање ѓубре насекаде. За потсетување, уште од почетокот на 90-тите години, Шведска применува сеопфатен систем за селектирање и рециклирање на отпадот. Низ ревидирање на законската рамка и во тесна соработка со стопанството и граѓаните, Шведска направи еколошки свесно општество. Затоа пак, кај нас мака мачиме со собирање на ѓубрето, појавувањето на бројни диви депонии, ѓубре низ природата и насекаде каде што поминало неговото височество Човекот. Оттаму, апелираме до локалната и централната власт да обезбедат: – ефективен систем за рециклирање и заштита на животната средина; – почитување на законите; – постојана едукација и подигање на свеста; – оптимален број на канти за ѓубре за селекција на отпадот; – редовно празнење и сервисирање на веќе поставените, оштетени канти за ѓубре и контејнери (од користење или негрижа). – До граѓаните апелираме – на ѓубрето местото му е во канта! Скопје не заборава дека е град на солидарноста! Драги сограѓани, сега е моментот да се обединиме и да му помогнеме на братскиот шведски народ!!!

A post shared by Артивисти.мк / Artivists.mk (@artivisti.mk) on

Тие додаваат и дека со акцијата сакаат да ги мотивираат граѓаните да бидат солидарни со скандинавската држава и воедно сите да размислат за повеќедецениската традиција на фрлање и трупање ѓубре насекаде.

„За потсетување, уште од почетокот на 90-тите години, Шведска применува сеопфатен систем за селектирање и рециклирање на отпадот. Низ ревидирање на законската рамка и во тесна соработка со стопанството и граѓаните, Шведска направи еколошки свесно општество. Затоа пак, кај нас мака мачиме со собирање на ѓубрето, појавувањето на бројни диви депонии, ѓубре низ природата и насекаде каде што поминало неговото височество – Човекот“, додаваат артивистите.

Во посериозен тон, организаторите на акцијата порачуваат до локалната и централната власт воведување ефективен систем за рециклирање, оптимален број на канти за ѓубре за селекција на отпадот и редовно празнење и одржување, додека до граѓаните апелираат на поголема свесност и фрлање на ѓубрето на местата предвидени за тоа.