[Фото ] Нова акција на Fridays For Future: Спомениците со маски против аерозагадувањето

Иницијативата Fridays For Future од Скопје денеска спроведе нова „партизанска“ акција, при која активистите ставија маски и пораки на спомениците и бистите.

„Ако го решиме проблемот со аерозагадувањето денес, во иднина нема да бидеме жртви ниту на климатските промени. Во спротивно, до спомениците на паднатите борци против фашизмот, ќе треба да поставиме и споменици на паднатите борци против климатските промени!“, соопштија од Fridays For Future.