[Фото] Незаконска сеча на шума во Националниот парк „Галичица“

Повеќе борови дрва нелегално се пресечени во населбата „Бејбунар“, во близина на 110 киловолтната трафостаница на „ЕВН“, на подножјето од Националниот парк „Галичица“. Очевидци велат на ова место покрај свежо исечени дрва кои дрвокрадците не успеале да ги подигнат, има траги од сеча кои датираат од порано, како и опожарени места, објави OhridNews.

Редакцијата ја контактирала управата на Националниот парк „Галичица“ од каде велат дека случајот им е евидентиран, а сечата е извршена со моторна пила на стручен начин.