[Фото] НаТочак: МВР, почнете со чистење на својот двор

Додека ние очекуваме полицијата да се осигура дека оние кои паркираат врз велосипедските патеки ќе бидат казнети и отстранети, дочекуваме вакви слики на новата велосипедска лента на улица Московска, реагираат од иницијативата НаТочак, коментирајќи го полициско возило паркирано на велосипедска лента, на фотографијата која се шири на социјалните мрежи.

„Министерство за внатрешни работи почнете со чистење на својот двор и научете ги другите како треба да се движат и паркираат. Град Скопје осигурајте се дека никој нема да се паркира на велосипедските ленти и патеки со поставување на заштитни столпчиња, за да не мора МВР да казнува“, стои во реакцијата на НаТочак.