[Фото] Напуштените вселенски бази на НАСА низ призмата на Роланд Милер

Фотографот Роланд Милер има за цел да ги документира напуштените простории од каде НАСА ги лансира своите вселенски летала, односно локациите што ја одбележаа раната „Вселенска трка“ со Русија. Тој ги истражувал и фотографирал вселенските бази, истражувачките центри и кампусите во кои се сместувале вработените на НАСА, од кои некои веќе не постојат или се затворени за јавноста. Неодамна, Милер објави и книга насловена „Abandoned in Place“, во која се прикажани дел од фотографиите направени за време на неговото истражување. Во продолжение, погледнете дел од нив.