[Фото] Најголемиот белгиски фестивал за електронска музика „Тумороуленд“ се врати по пандемиската пауза

Еден од најголемите фестивали за електронска денс музика (ЕДМ) во светот, „Тумороуленд“ се врати во оригиналното издание по двегодишната пандемиска пауза.

Фестивалот чија посетеност достигнува до 600.000 луѓе од повеќе од 200 држави од светот се одржува во три викенди, годинава од 15-17 јули, 22-24 јули и 29-31 јули, а се одржува во белгискиот град Бум.

„Тумороуленд“ е комбинација од електронска, драм енд бејс, техно и транс музика, а дополнителната пиротехника и сценската продукција придонесуваат тој да биде на исто ниво со фестивалите како „Коачела“, „Глестонбери“ и „Брнинг Мен“.

Годинава настапуваат некои од најголемите имиња во електронската музика како, Борис Брејча, Армин ван Бурен, Мартин Гарикс, Соломун, Шарлот де Вит, Димитри Вегас и Лајк Мајк и многу други.

Иако измина само првиот викенд, сите влезници за следните два датуми се веќе распродадени.

Атмосферата од првиот викенд проследете ја во продолжение

Фото: Фејсбук страна на „Тумороуленд“